ул. Маршал Тито бр. 64 Богданци
phone: +389 34 221 038
komun_cistota@t.mk

“ЈП Комунална Чистота'' Богданци

Јавно Претпријатие за Комунална Хигиена

 

 

ЈП „Комунална чистота“ - Богданци е основано од страна на Општина Богданци –Совет на Општина Богданци со Одлука бр. 07-1573/5 од 21.10.2009год. Управниот Одбор донесен од Совет на Општина Богданци , донесе Статут на ЈП Комунална чистота заверен под број 01-2/1 од 19.02.2010 год. за кој претпријатието обезбеди согласност од Советот на општина Богданци. Основач на јавното претпријатие е Општина Богданци која ги има сите права и обрски кои произлегуваат од Законот и другите прописи. Претпријатието ги врши сите дејности во општина Богданци. Дополнително претпријатието врши дејности во насока на одведување отпадни води, одведување на атмосферски води, управување со комунален цврст и индустриски отпад, изградба на други објекти од нискоградба, одржување на комунални уреди, одржување на јавна чистота и јавните паркови, зеленило, гробови и гробишта, како и одржување и користење на пазари.